„Guardian” предупредува: „Заборавете на Кина, Балканот ќе биде главната главоболка на Трамп“

Точка

27/02/2017

20:56

7750

Големина на фонт

а а а

Балканот кој се тресе се заканува да стане главоболката на надворешната политика на новиот американски претседател Доналд Трамп, пишува британски „The Guardian”.

„Заборавете на Кина и Блискиот Исток: Поранешна Југославија би можела да стане првата реална надворешно-политичка главоболка на Трамп“, истакнува весникот.

„Guardian” во текстот наведува соговорници од Косовска Митровица, каде што, како што наведува, Србите претежно биле воодушевени од победата на Трамп претежно поради тоа што ја победи сопругата на нивниот непријател од 1990-тите години Бил Клинтон, кој го предводеше бомбардирањето на НАТО.


Весникот потсетува дека Косово во 2008 година прогласи независност и дека Белград никогаш не го призна тоа. Договорот под покровителство на ЕУ од 2013 година ѝ вети на Србија побрз пат кон членството, а на Косово чекори кон статусот на кандидат.

„Но, ЕУ сега има други кризи на ум, нелогичните линии на поделби се пореални од било кога“, пишува „Guardian”.

„Балканот сега повторно е соочен со криза. Границите се преиспитуваат, етничките тензии растат и повторно се споменува размената на територии како последен начин за да се спречи насилство“, се наведува во текстот.

Весникот, исто така, укажува и на БиХ, каде што границата помеѓу два ентитети од војната „никогаш не зацелила во целост“. Република Српска редовно се заканува со референдум за независност, додека некои босански Срби се заканувале со бојкот на институциите во Сараево поради барањето за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд по тужбата против Србија.


Тука е и Црна Гора, предмет на исклучителни политички земјотреси во изминатата година, кога владата тврдела дека руски институции се обиделе да диригираат државен удар.

На крајот, додава „Guardian”, тука е и Македонија, која се труди да формира нова влада по политичката криза со етнички Албанци.

Дипломатите ја опишуваат 2017 година како „кошмарна година“ во регионот, поради изборите во Србија, сè поголемата извесност за вонредни избори во Косово и загревањето за избори во Босна следната година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг