Најдобриот рецепт за совршена домашна пица!

Точка

27/02/2017

16:36

3.642

Големина на фонт

а а а

Пицата е секогаш практично и вкусно јадење на кое ретко можеме да одолееме. Тоа е одлично решение ако немаме многу време за готвење, непланирано нѝ дојдат гости или едноставно сакаме да се почестиме со вкусна утеха за крајот на работниот ден.

Колку е пицата омилена, потврдува и модната библија – Vogue, кои успејаа да најдат совршен рецепт за пица според славниот готвач Simone Falco, од познатиот ресторан Rossopomodoro.


Главната состојка за доброто тесто, според Falco, е обична вода: тестото за пица треба да содржи околу 50% вода.

На квалитетот на пицата влијае и самата тава во која пицата се пече. Simone Falco препорачува печење на пицата на камена плоча, а доколку немате таква, овој њујоршки готвач има решение за Вас – превртете го тавчето во кое обично печете наопаку, а потоа загрејте го во рерна околу цел час. Пред печењето, загрејте ја рерната до максимум и задолжително користете хартија за печење.

Импресионирајте ги гостите со различни состојки како кавијар, црни тафтури или моцарела.

Состојки за тесто:

● 650 гр. брашно
● 350 мл. вода
● 18 гр. сол
● 5 гр. квасец

Подготовка:

Ставете ја солта во водата и оставете да се растопи. Потоа, додајте го квасецот и 4/5 од брашното. Мешајте околу три минути, додајте го преостанатото брашно и потоа мешајте уште 15 минути. Прекријте ја смесата и оставете да отстои околу половина час. Simone Falco вели дека тестото го дели на четири еднакви дела, а потоа го остава да отстои 8 часа, прекриено со влажна крпа или во пластична фолија. Вака, ќе имате тесто за четири пици.


Состојки за филот:

● 400 гр. сос од домати или излупени домати
● 1 топче моцарела
● сол, маслиново масло и неколку листови босилек

Загрејте ја рерната на 280 степени, а потоа размесете го тестото. Излупените домати иситнете ги и наредете ги врз тестото. Потоа, додајте ја моцарелата, исечкана на тенки кругови и додатете малку сол, маслиново масло и листови босилек. Вака приготвената пица печете ја 3 минути.


Спонозорирани линкови

Маркетинг