Најубавото село во Европа: Место во кое секоја куќа, секој бунар и секоја црква се покриени со цвеќе

Точка

27/02/2017

15:02

3.605

Големина на фонт

а а а

Едно селце на југоистокот на Полска е познато по необичната традиција. Секоја куќа, бунар и црква, се прекриени со нацртани цвеќиња. Скриеното село Залипие е оддалечено на 90 минути возење од Краков и е мало место со многу бои.

Како започнала оваа традиција не е сосема јасно, но една легенда вели дека деталното украсување на домовите започнало поради лошата вентилација во куќите. По готвењето на оброците и греењето се појавувале дамки од чад на плафоните, кои домаќинките почнале да ги прекриваат со цртежи од цвеќиња.


Иако со време вентилацијата се поправила, женскиот дел од населението продолжил да црта во домовите и надвор од нив. Жените сами изработувале четкички за цртање, а боите ги мешале со помош на маснотии. Секоја година било потребно да се освежат цртежите, со што нивната изработка се претворила во годишен настан.


Оваа симпатична традиција трае и натаму, а од 1948-та година жителите секоја пролет организираат и пријателско натпреварување наречено "Malowana Chata", за најдобро украсена куќа, со што само се зголемува бројот на фасади украсени на овој шармантен начин.












Спонозорирани линкови

Маркетинг