Пет предности на возењето велосипед

Точка

27/02/2017

14:32

2823

Големина на фонт

а а а

Дали знаевте дека во светот постојат повеќе од една милијарда велосипедисти?

Покрај тоа што возењето на велосипед е здраво, тоа е и економично. Во продолжение, прочитајте пет причини поради кои треба да го поседувате ова превозно средство.

Возењето велосипед е добро за телото

Возењето велосипед ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува кондицијата, а одличен е и за согорување на калориите. Секој ден ќе работите на својата линија без да имате потреба да ја посетувате локалната теретана.

Ваквото превозно средство е здраво за умот

Возењето велосипед докажано го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите од забава или Ви служи како превоз до работа, велосипедот ќе Ве направи среќни, полни со енергија и поопуштени.


Возењето велосипед е практично

Сообраќајниот метеж е нешто за кое велосипедистите не знаат ништо. Тенкиот, брз и приспособлив дизајн на велосипедот го прави сојузник кој заштедува време, а ќе одбегнете и плаќање на скапи паркинзи.

Велосипедот е здрав за околината

Земјите ширум светот пробуваат да ја намалат стапката на загадениот воздух и емисијата на
штетни издувни гасови од автомобилите, а велосипедот е одлично средство во борбата против тоа. Освен што ќе се чувствувате фит и среќно, Вие ќе се чувствувате и добро знаејќи дека правите нешто корисно за околината.

Велосипедот е пријател на паричникот

Бензинот кој автомобилите го “голтаат” е најголем непријател на финансиите, а сличното важи и за градскиот јавен превоз. Под услов да имате кацига и да возите според прописите, возењето велосипед е најдобрата и најевтината работа во која треба да инвестирате оваа пролет.


Спонозорирани линкови

Маркетинг