Џастин Тимберлејк и Џон Леџенд со импресивни настапи на доделувањето на Оскарите

Точка

27/02/2017

13:54

1.845

Големина на фонт

а а а

На вчерашната церемонија на доделувањето на Оскарите, присутните имаа прилика да уживаат во одличните настапи, а посебен впечаток остави настапот на Џастин Тимберлејк.

Тој ја отвори вечерта со сјаен перформанс, а енергичниот сценски настап и вокалните способности на Џастин, изведувајќи ја песната Can’t Stop The Feeling ја воодушевија публиката. На танцувањето не успеаа да одолеат ниту Хали Бери и Никол Кидман, кои одлично се забавуваа покрај него.



Со својот настап импресионираше и Џон Леџенд, кој свирејќи на пијано ја отпеа песната од филмот La La Land – City of Stairs, со двојки околу него кои беа задолжени за танцот на оваа фантастична изведба.

Сопругата на Леџенд, Криси Тиген признала за E! News дека Џон бил страшно нервозен околу настапот и дека имал голема трема. Сепак, сè испадна спектакуларно, и покрај фактот што Леџенд оваа година не беше номиниран за Оскар.



Леџенд не е нов на Оскаровската сцена. Тој, минатата година заедно со раперот Common ја изведоа песната Glory, која беше дел од филмот Selma и за која Леџенд освои Оскар за најдобра песна.



Спонозорирани линкови

Маркетинг