МЗТ заврши со Ван Острум: Британецот замина на операција во Лондон

Дерби

27/02/2017

13:16

730

Големина на фонт

а а а

Екипата на МЗТ Скопје вечерва од 21 часот игра важен меч против Игокеа во битката за опстанок во АБА лигата, а во пресрет на истиот клубот од Аеродром објави дека е завршен престојот на Девон ван Острум во нашиот шампион.

Тој изминатиов викенд се поздравил со соиграчите, додека утринава ја напуштил нашата земја. Ван Острум неодамна беше ангажиран од МЗТ со договор со важност до крајот на АБА-лигата (уште две кола), но потешко се повреди на Куп мечот против Фени Индустри во Кавадарци и ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

Во прашање беа скинати предни вкрстени лигаменти и потребна е операција која ќе биде извршена во Лондон. Металците му понудиле на Ван Острум помош (логистичка и финансиска) околу операцијата која е неопходна при вакви повреди, но Британецот се заблагодарил и во консултација со матичните лекари решил да се оперира во Лондон каде трошоците ќе му бидат покриени од Кошаркарската федерација на Велика Британија.

Тој во сино-белиот дрес одигра само пет натпревари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг