Синот на сопственикот на "Jumbo" загинал во страшна несреќа: Со "поршето" на татко му убил три лица, во експлозијата изгорело и 3-годишно дете

Точка

27/02/2017

13:33

21.256

Големина на фонт

а а а

Неверојатна сообраќајка била забележана со камера вчера во околу 16 часот по локално време, на автопатот Атина - Ламиа.

Изнајменото "Порше", кое "летало" со околу 200 километри на час, удрило во паркирана "Хонда Цивик", при што загинале четири лица.

Возачот на "Хондата", 41-годишен маж застанал на паркинг местото, за да посети тоалет. Во автомобилот го чекале неговата 33-годишна сопруга и 3-годишниот син.



Несреќниот татко гледал како "Поршето" удира во неговиот автомобил од тоалетот, и истрчал надвор врискајќи, само за да види дека неговото семејство е загинато. Се обидел да им помогне но не успеал, а и покрај состојбата на шок успеал да се јави во полиција.


Возачот на "Поршето" загинал во експлозијата, додека неговиот 24-годишен пријател и со-возач, кој не носел појас, бил исфрлен преку шофершајбната.


"Страшно е. Семејството чекаше на паркингот. Дури и не беа на автопатот", рекол еден сведок за LamiaReport.


"Поршето" го возел Џорџ Вакакис, син на милионерот и сопственик на "Jumbo", Апостолос Вакакис. Семејството Вакакис го зголемувало својот профит за време на финансиската криза, благодарение на посветоноста на Апостолос Вакакис.








Спонозорирани линкови

Маркетинг