СКАНДАЛ: "Moonlight" доби Оскар за филм на годината, откако "La La Land" беше првично прочитан по грешка

Точка

27/02/2017

10:30

4.274

Големина на фонт

а а а

Претставниците на "La La Land" дури и се појавија на сцена и навлегоа длабоко во своите говори, зборувајќи за соништата кога одеднаш се слушнa "There has been a mistake!", "Грешка! Дечки престанете" - ги помешале пликоата!

"La La Land" не ја освои вечерта на 89-тото свечено доделување на Оскари како што се очекуваше, но барем зема големи награди, дури и најголемата иако само на 2 минути.

Феј Данавеј и Ворен Бити го претставија "La La Land" како добитник на наградата за најдобар филм, па прославата на сцена започна но и брзо заврши во шокантниот пресврт кога еден од La La Land "победниците" истакна дека станува збор за грешка и дека всушност Оскарот за најдобар филм оди за "Moonlight".



Бити неколку моменти подоцна, збунет, проба да објасни дека го отворил пликот и ја прочитал картичката на која пишувало "Emma Stone и La La Land". Тој дури направил и пауза пред да го прочита грешното плико.

Режисерот на "Moonlight", Бери Џенкинс, излезе на сцената исто така збунет, изненаден и зачуден. "Дури и во моите соништа - ова не може да биде вистина", изјави тој, а потоа додаде "Но по ѓаволите со соништата, вистина е! О, Боже!"


Филмот е емотивна драма за младо геј црно момче, кое расте и созрева во сурово маало во Мајами. При прифаќање на Оскарот заедно со Тарел Алвин МекКрени оддадоа почит на запоставените и презрените "Сите вие таму, кои се чувствувате како да нема огледало за вас, дека вашиот живот не е претставен и никој не го гледа ниту знае, Академијата ви го чува грбот, ние ви го чуваме грбот и во наредните години нема да ве оставиме сами, нема да ве заборавиме и нема да ви го свртиме грбот", изјавил Џенкинс.




Ѕвездата од "Moonlight" - Mahershala Ali, исто доби Оскар за најдобра споредна машка улога.


Но и покрај бламот на Академијата - сепак ова беше добра вечер и за "La La Land". На 32 години, режисерот на овој филм - Дамиен Чазел, влезе во историјата како најмладата личност која некогаш добила Оскар за најдобар режисер. Една од неговите ѕвезди - Ема Стоун, исто така доби Оскар за најдобра актерка и му се заблагодари на Чазел за можноста да се појави во неговиот филм, кој пристигна на Академијата со дури 14 номинации.

Дамиен Чазел, Ема Стоун и Рајан Гослинг

Кејси Афлек доби награда за најдобар актер за неговата изведба во "Manchester by the Sea".


Покрај наградите, политиката исто така беше "присутна" на сцена благодарејќи на домаќинот Џими Кимел кој зборуваше за тоа речиси цела вечер. "Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп. Се сеќавате минатата година кога изгледаше како Оскарите да се расистички? Епа сега веќе не изгледаат тие така, благодарение на него" - што ја презема улогата на расист. Тој се шегуваше и за разновидноста оваа година - "Беше прекрасна година, црни луѓе ја спасија НАСА, а бели луѓе го спасија џезот".

Виола Дејвис не зборуваше за политика кога ја доби наградата за најдобра споредна актерка за "Fences" - таа ја пофали уметноста. "Станав уметник и фала му на Бога за тоа бидејќи ова е единствената професија која го слави она што значи да го живееш животот", изјави Дејвис.



Спонозорирани линкови

Маркетинг