Вестбрук пресилен за Казинс и Дејвис

Макфакс

27/02/2017

10:14

510

Големина на фонт

а а а

Расел Вестбрук (Оклахома) и Блејк Грифин (ЛА Клиперс) со своите индивидуални остварувања ставија печат врз натпреварите во НБА лигата кои се одиграа во текот на изминатата ноќ.

Оклахома го надигра Њу Орлеанс 118:110. Вестбрук 29-ти пат сезонава запиша трипл-дабл учинок. Против Пеликаните, тој оствари 41 поен и по 11 скокови и асистенции. Њу Орлеанс не успеа да го избегне поразот и покрај одличното издание на најдоминантната центарска двојка во НБА лигата Ентони Дејвис (38 поени) и Демаркус Казинс (31 поен, 10 скокови).



ЛА Клиперс го скршија отпорот на Шарлот (124:121) дури по дополнителните пет минути, иако во регуларниот дел имаа предност од 17 поени. Мечот во продолжение го однесе Кемба Вокер кој погоди за три поени на 12 секунди до крајот.



Клиперси ги предводеа Блејк Грифин (43 поени, 10 скокови) и ДеАндре Џордан (20 поени, 19 скокови), додека кај Шарлот Вокер постигна 34, а Николас Батум 31 поен.

Резултати:

Денвер-Мемфис 98:105, ЛА Лејкерс-Сан Антонио 98:119, Милвоки-Феникс 100:96, Вашингтон-Јута 92:102, Торонто-Портланд 112:106, Детроит-Бостон 98:104.


Спонозорирани линкови

Маркетинг