Оскари 2017: Дали навистина најдобрите филмови и перформанси победуваат или?

Точка

25/02/2017

13:30

4874

Големина на фонт

а а а

Оскарите би требало да ги наградат најдобрите филмови и перформанси на годината. Но во реалноста, многу други фактори влијаат на тоa во чии раце ќе замине златната статуетка.

Дали Оскарите ги одбираат најдобрите филмови? "О, Боже не!" - се смее филмскиот критичар Телма Адамс, "Тоа е наједноставниот одговор."

Постојат голем број на победници во историјата на Оскарите, кои го имаат поминато тестот на времето. Но постојат и многу примери каде кога ќе погледнеме назад на филмот кој го земал Оскарот таа година се прашуваме "Сериозно?!"..


Една од најголемите иронии се случи во 1959-та година кога Џиџи, со "My Fair Lady" мујзиклот, освои 9 Оскари. Додека пак филмот "Vertigo" на Алфред Хичкок, кој на една анкета од 2012-та година беше избран како најдобар филм кој некогаш човештвото го снимило, истата година не освои НИШТО.

Во поново време, "Crash" - најдобар филм за 2006тата, и "Birdman" - најдобар филм за 2015-та - денес многумина ги гледаат како сомнителен избор - особено ако се земе во предвид храбриот потфат на Хит Леџер и Џејк Гиленхал кои глумеа во љубовната "геј" каубојска драма "Brokeback Mountain" и епикот за растењето и созревањето во "Boyhood" кои се навистина сериознo добри филмови и кои најверојатно ќе бидат едни од најгледаните и по 100 години.


Па, според која мерка се одлучува кој филм ќе добие Оскар?

Доколку ги споредите добитниците за најдобар филм од изминатите две децении, со највисоко рангираните филмови од секоја година, ќе сфатите дека Оскарите најчесто и не го избираат најдобриот филм на годината.

Metacritic, веб-сајт кој дава оценка за секој филм врз основа на критики од филмските критичари - е само еден начин да се одреди кој филм всушност е најдобар според експертите.


Според филмските критичари, во периодот помеѓу 1996 и 2016-та:

Најдобро-оценет победник на Оскарите бил

2013-та: 12 Years a Slave (Metacritic score = 96/100)

Најдобро-оценет номиниран филм на Оскарите бил

2014-та: Boyhood (100/100)

Најлошо-оценет победник на Оскарите бил

2000-та: Gladiator (64/100)

Најлошо-оценет номиниран филм на Оскарите бил

2011-та: Extremely Loud and Incredibly Close (46/100)



Па тогаш, што влијае врз тоа кој филм ќе добие Оскар?

Во трката по Оскар се е за моменталната извиканост. Околу 7.000 членови од Академијата за филмски уметности и наука гласаат, а конечното гласање се одвива само две недели пред церемонијата, па многу останува на тоа кои имиња се озборуваат и се "шушкаат" во овој период.

Исто така, понекогаш станува збор за "крунисување" на актерот или актерката "чиешто време конечно е дојдено." Можеби поради тоа делумно Ема Стоун со улогата во "La La Land" може да ги победи нејзините - реално позаслужни ривалки - во трката по Оскарот за најдобра актерка.


"Оскарите се за Miss RIGHT NOW, наспрема Miss RIGHT" - вели Саша Стоун, која го води веб-сајтот Awards Daily. "Тоа е шега на Робин Вилијамс, но навистина е добра и реална. Се работи за разликата помеѓу долгогодишна љубов и моменталната искра од нова љубов - и морате да го фатите вистинскиот момент, во врска со тоа кој филм би требало да победи. Всушност станува збор за она што е моментална искра неколку недели пред доделувањето."

Кој задоцнил да земе Оскар?

Мартин Скорсезе не освои Оскар за култниот филм "Taxi Driver" во 1976-тата, ниту пак за Raging Bull (1980), или пак за неверојатниот GoodFellas (1990). Но конечно доби Оскар за "The Departed (2006)" за најдобар филм и најдобар режисер иако овој филм во ниту една нишка на имагинацјата на Мартин Скорсезе не е блиску до подобар од горенаведените, "но некако како да заборавија да му дадат Оскар па задоцентиот Оскар мораа да му го доделат баш за овој филм", вeли Телма Адамс.



Истото се случи и со Леонардо ДиКаприо, кога доби Оскар за улогата во "The Revenant" минатата година, по четири неуспешни номинации во улоги во кои, да не се залажуваме, се надминува себе си и своите актерски способности, но едноставно и него задоцнија да го наградат па Оскарот го зема во овој филм кога се бори со монтирана мечка - баш поради истото чувство - дека му дојде време и на него.




Спонозорирани линкови

Маркетинг