Вестбрук со трипл-дабл број 28 донесе нова победа на Оклахома, рекорд на ДеРозан за фантастичен пресврт на Торонто

Дерби

25/02/2017

12:16

2.051

Големина на фонт

а а а

Богата беше петочно/саботната програма во НБА лигата со тоа што далеку поуспешни беа домашните состави кои остварија победа на седум од вкупно десетте натпревари.

Во таа група на победници се најде и тимот на Оклахома Сити Тандер кој пред своите гледачи беше поуспешен од ЛА Лејкерс со 110-93. Домашниот тим беше подобар од „езерџиите“ во сите четири делници, а нормално главен испиратор беше Расел Вестбрук кој си продолжи по старо и запиша нов трипл дабл, вкупно 28 сезонава или вкупно 65 во кариерата.

Рас имаше 17 поени, 18 скокови и 17 асистенции, плус добра поддршка беа Адамс (15 п, 10 с), Роберсон и Абринес (19 поени). Солидно деби во новата средина имаше дуото кое пристигна од Чикаго, Гибсон/МекДермот кое искомбинира 20 поени и 8 скока.

Најсветла точка кај Лејкерс беше Расел со 29 кошеви плус 4 скока, 6 асистенции и 4 украдени топки.



ДеМар Дерозан пак го предводеше Торонто Репторс до победа над Бостон Селтикс од 107-97. „Рептилите“ имаа негатива од 17 поени, но бодрени од своите навивачи и од ДеРозан направија голем пресврт за 34 победа во сезоната.

Бекот уфрли рекордни во кариерата 43 поени на кои придодаде 5 скока и исто толку асистенции. Во отсуство на втората ол-стар ѕвезда на Репторс,Кајл Лаури втор стрелец беше Ибака со 15 поени, а до двоцифрена бројка дојдоа уште Патерсон и Џозеф (11).

Стандарно кај Бостон се издвои Томас со 20 поени.



Останати резултати: Индијана-Мемфис 102-92, Филаделфија-Вашингтон 120-112, Атланта-Мајами 90-108, Чикаго-Феникс 128-121 (по прод.), Милвоки-Јута 95-109, Минесота-Далас 97-84, Денвер-Бруклин 129-109, ЛА Клиперс-Сан Антонио 97-105.


Спонозорирани линкови

Маркетинг