Модните лекции на Синди Крафорд кои немаат рок на траење

Точка

24/02/2017

17:24

2.845

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните икони на сите времиња, преубавата Синди Крафорд пред 4 дена го прослави својот 51-ви роденден. Во чест на нејзиниот беспрекорен изглед, и покрај годините што ги носи, Ви ги откриваме нејзините неприкосновени модни лекции кои секогаш ќе бидат актуелни.

Белата маица е Вашата најдобра пријателка!

Некогаш и сега, Синди знае дека едноставниот изглед е најдобриот изглед. Белата маица е одлична за секоја комбинација, без разлика дали се носи со џинс панталони и патики или со класично, елегантно одело. Белата маица е секогаш ИН и секогаш нѝ е при рака во моментите кога не знаеме што да облечеме.


Високите чизми не излегуваат од мода

Чизмите до колена се совршена замена за класичните салонки, дури и кога Ви е потребен елегантен пар обувки за Вашето свечено издание. Тие изгледаат одлично во комбинација со кратко здолниште или шорцеви, но и со тесни фармерки. А Синди? Таа, високите чизми ги носи дури и на црвениот тепих.


Не плашете се од хоризонталните линии!

Во светот на модата е познато правилото дека хоризонталните линии визуелно “додаваат” неколку килограми. Но, гледајќи ја Синди, сфаќаме дека тоа не е воопшто точно! Испробајте, па заклучете и самите.


Ремен

Доколку не знаете како да го надополните изгледот, огледајте се на Синди – додајте ремен. Ременот е сјаен акцесоар кој совршено ќе замени било какво парче накит или друг моден детаљ.


Изнесете ја спортската опрема надвор од теретана

Синди не носи спортска опрема само кога вежба – таа, оваа удобна облека ја вметнува и во секојдневните комбинации, а ние велиме – зошто да не?


Оставете принтот да зборува!

Едноставните, еднобојни парчиња се полесни за комбинирање, но понекогаш суштината на стилскиот изглед е во воочливиот дезен. Не се плашете да експериментирате со впечатливи парчиња облека, кои можеби и не се типични за Вас.


Сако

Кога сакате да додадете нота на елеганција и сериозност во Вашиот стил, само “нафрлете” сако врз Вашите секојдневни, но и елегантни комбинации. Сакото можете да го носите во комбинација со фустан, маица или кошула.


Повеќе црвено

Тајната на ефектниот, секси изглед – црвен фустан. И Синди тоа многу добро го знае. Целото внимание ќе биде насочено кон Вас, така што – само храбро!


Малку поинаков мал, црн фустан

Кадифе или кожа – одлучете сами. И двете варијанти се секси, заводливи и смели и во двете ќе изгледате како божица на стилот!



Спонозорирани линкови

Маркетинг