Објавено службеното мени на “Оскаровската вечера” – ќе го подготвуваат 200 готвачи!

Точка

24/02/2017

16:51

2.232

Големина на фонт

а а а

Менито за “Оскаровската вечера” го составува тим од готвачи, на чело со познатиот австриски гастроном, Wolfgang Puck.

И покрај целиот гламур и возбудувањето околу доделувањето на наградите на Академијата, сигурно повеќето се и љубопитни околу тоа каде јадат и се забавуваат ѕвездите откако ќе се изгаснат светлата во театарот "Кодак".


Како што пишува Independent, Governors Ball е местото каде службено ќе се прославуваат овогодинешните добитници на Оскарите. Таму, сите Оскаровци ќе можат да ги гравираат своите златни статуетки, да примат честитки од колегите, но и да уживаат во најдобрата храна.

Менито го составува тимот на познатиот австриски готвач, Wolfgang Puck, кој цели 23 години ја припрема храната за оваа вечер. Прославата ќе се одржи на 26. февруари, по доделувањето на наградите.

Храната ќе биде поделена на ладни предјадења, мали закуски, станици за десерт и станици за суши. Колку оброци ќе бидат подготвени, зборува и податокот дека менито е испишано на три листа А4 формат хартија.



Холивудскиот луксуз на оваа прослава овој пат ќе биде заменет со опуштена атмосфера, бидејќи ќе се послужуваат јадења како корејски тартар бифтек со ориз, печен компир со кавијар и разни варијанти на јастог. Готвачите, дури и десертот го спремаат во духот на Оскарите - сите ќе добијат мали чоколадни статуетки.


Целото мени ќе биде одраз на трендот на мали чинии и порции, кој тежнее кон порелаксиран начин на исхрана. Исто така, на листата се најдоа и јадења без глутен, јадења без млечни производи како и вегетаријански и вегански менија. Во целата припрема на вечерата ќе учествуваат 200 готвачи. Готвачот Wolfgang вели дека на менито на Governers Ball ја "уфрлил" и питата со бавно готвено пилешко и црни тартуфи, за која вели, го молеле John Travolta, Barbara Streisand и Viola Davis.

Освен тоа, на репертоарот ќе се најдат и многу интересни грицки - позлатени пуканки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг