Актерката се појавила на црвениот тепих без долна облека: Разголените фустани земаат сè поголем замав

Точка

24/02/2017

18:30

12.447

Големина на фонт

а а а

Светските дизајнери ѝ рекоа големо „да“ на разголената облека која повеќе открива отколку што покрива. Славните дами, секоја на свој начин, носат провокативна гардероба. Една од нив е и актерката Анџела Сарафијан.

Актерката се појавила во оваа провокативна тоалета пред два дена на забава во Западен Холивуд. Провидниот материјал бил голем дел од нејзиниот фустан и открил голем дел од нејзиното тело.


Американската актерка со ерменско потекло направила многу смел чекор, бидејќи чекорењето во ваков фустан е невозможна мисија ако немате самодоверба и желба сите да ве забележат.


А, Анџела го сакала токму тоа, да дојде до центарот на вниманието. Имајќи ги во предвид размерите на популарност која ја имаат разголените фустани, но и нивното влијание во јавноста, не може да се каже дека ваквиот избор на облека нема оправдување во реалноста.


Меѓутоа, за разголеното да значи и добар стил, треба да се одберат многу подобри модни парчиња од фустанот во кој се појавила ѕвездата од серијата "Westworld".


А, самиот стил на облекување на Анџела Сарафијан, оди од крајност во крајност. Актерката понекогаш знае да се појави и во сосема одмерена облека.



Спонозорирани линкови

Маркетинг