Пет дестинации инспирирани од Оскарите и гламурот на црвениот тепих

Точка

24/02/2017

17:50

4.110

Големина на фонт

а а а

Отседнете во луксузниот хотел The London West Hollywood во Беверли Хилс и доживејте третман каков што добиваат ѕвездите од црвениот тепих заедно со услуга од светска класа која ја нуди ова сместување.

Се наближува најважната вечер во годината за Холивуд, а во пресрет на доделувањето на Оскарите кое ќе се одржи на 26-ти февруари, Booking.com ни претстави пет дестинации инспирирани од Оскарите, за патниците и сами да можат да искусат дел од гламурот во кој живеат холивудските филмски ѕвезди.

Manchester by the Sea, Масачусетс, САД

Дејството на филмот се одвива во крајбрежните градчиња во близина на Масачусетс, Глостер, Рокпорт и Беверли. Филмот следи домар кој живее во Бостон и по смртта на неговиот брат е принуден да се пресели назад во својот роден град за да се грижи за својот внук. Главните улоги ги толкуваат Кејси Афлек и Мишел Вилијамс.


Beauport Hotel Gloucester е сместен на северниот брег на Масачусетс и за време на сезона на гостите им нуди отворен базен и тераса, џакузи, фитнес центар и ресторан. Плажата е веднаш до хотелот, што на гостите им овозможува уживање во водени спортови.

La La Land, Лос Анџелес, САД

Ако сакате да видите некоја од филмските ѕвезди, ова е местото на кое треба да појдете. Тука се одвива и дејството на мјузиклот „La La Land“. Костимите и сценографијата му оддаваат чест на Холивуд и мјузиклите од 40-тите и 50-тите години на минатиот век. Во филмот младиот џез пијанист, кој го глуми Рајан Гослинг, и талентираната актерка, Ема Стоун, се обидуваат да ги остварат своите соништа и, секако, се вљубуваат.


Отседнете во луксузниот хотел The London West Hollywood во Беверли Хилс и доживејте третман каков што добиваат ѕвездите од црвениот тепих заедно со услуга од светска класа која ја нуди ова сместување. На чекор од Беверли Хилс и шопинг зоната на Родео Драјв, овој бутик хотел во западен Холивуд нуди базен на покрив и ресторан кој секој ден послужува појадок кој е вклучен во цената за престој.

Lion, Калкута, Индија

Филмот е снимен според вистинска приказна за петгодишно момче од Индија, по име Сару, кое ќе се изгуби и ќе биде одвоено од своето семејство, а поради сплет на околности ќе го посвои семејство од Австралија. Во текот на годините Сару се потсетува на своето детство во Индија и користејќи го Google Earth се обидува да го најде своето семејство. Главните улоги ги имаат Дев Пател и Никол Кидман, а филмот е сниман во Калкута во Индија, како и на разни локации во Австралија.


Хотелот „Oberoi Grand Kolkata“ се наоѓа во најголемата шопинг област во Калкута и нуди отворен базен, теретана, спа центар. Од оваа локација на гостите им е едноставно да се упатат во истражување на градот во кого можат да го видат паркот Маидан, Викторија Мемориал и Индискиот музеј.

Гребенот на спасените, Сиднеј, Австралија

Филмот е снимен според вистински настани за време на Втората светска војна за војникот Дезмонд Дос, воен болничар, кого го глуми Ендру Гарфилд, а кој покажал невидена храброст за време на непријателските напади, со што добил Медал на честа. Некои делови од филмот се снимани во град северо-западно од Ричмонд, во близина на Сиднеј, кој е прилагоден за да изгледа како градче од 1940-тите години.


„Aparthotel QT Bondi“ е совршено место за одмор ако патувате во Сиднеј. Се наоѓа на само 3 минути од песочната плажа Бонди, каде што има локални ресторани, кафулиња и продавници. На работ на познатиот национален парк Blue Mountains се наоѓа градот Ричмонд, во кој можете да ја посетите и локацијата која била сет за снимањето на филмот.

Moonlight, Мајами, САД

Филмот го следи младиот Афроамериканец Хирон од детството до возрасна личност, кој се соочува со својата сексуалност во обид да го пронајде своето место во Мајами.


Ако патувате во Мајами, патувајте со стил и престојувајте во арт деко хотелот „Four Seasons Hotel Miami“. Сместен наспроти заливот Бискејн им овозможува на гостите да уживаат во спа центар, два отворени базени и ресторан. Ако сакате, можете да се прошетате во градот и да уживате во продавниците, рестораните и ноќниот живот, по кој е познат Мајами.


Спонозорирани линкови

Маркетинг