Алонсо инспириран од болидот

КРУГ.МК

24/02/2017

18:00

2.017

Големина на фонт

а а а

Ветеранот Фернандо Алонсо ќе ја вози својата трета сезона во Мекларен Хонда. Шпанскиот шампион имаше очајна 2015 година, а лани беше далеку подобар.

На денешната промоција на болидот тој не криеше дека се надева на успех по напорната работа која била завршена.

„Има многу на што да се восхитуваме во однос на тоа што го постигнавме изминативе 12 месеци. Резултатите не го покажуваат тоа, но прогресот на целата екипа е огромен во еден период кој веше навистина тежок за нас. Во моментов, по големата промена на правилата треба да искористиме период на несигурност за да напреднеме и уверен сум дека ќе го искористиме тоа.

Она што го гледам на МЦЛ32 е навистина ветувачки и новите правила очигледно ќе ни годат. Болидот изгледа брзо и агресивно и самиот изглед ме прави да посакам веднаш да влезам во кокпитот и да покажам дека немам загубено ништо од гладта да победувам во Формула 1. Тренингот во текот на зимата мина одлично, работев напорно и нетрпелив сум да почнам со возење.

Сеуште мислиме дека почетокот на сезоната ќе биде предизвик затоа што не може да го игнорираме фактот дека почнуваме од позадината на гридот, но имаме за цел да бидеме значително подобри во вториот дел на сезоната кога ќе дојдат силните перформанси. Целта е да стекнеме почит и да постигнеме што е можно повеќе“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг