Грин удри по Пирс, ветеранот жестоко го возврати ударот

Дерби

24/02/2017

14:51

1336

Големина на фонт

а а а

Тимот на Голден Стејт Вориорс со пресврт дојде до триумф над Лос Анџелес Клиперс од 123-113 во својот дом во „Оракл Арена“.

Најдобри во двата тима беа Кари (35)-Дурент (25), односно Крафорд и Риверс со по 19 поени, ама ова некако остана во сенка на вербалната војна на Дрејмонд Грин и Пол Пирс.

Двајцата си имаа што да си кажат, прво „воинот“ го нападна Пирс, за да ветеранот одговори жестоко на Твитер.

- Ја бркаш таа турнеја за збогување, луѓето не те сакаат, не можеше да добие турнеја за збогување. Што мислеше дека си Коби?, - истакнал Грин.


Одговорот на легендата на Бостон беше следен:

- 73 победи, 3-1 водство и мислеше дека ќе освоиш титула, - напуша популарниот „The Truth“.




Спонозорирани линкови

Маркетинг