Пет работи кои треба да ги знаете за новите планети: Спектакуларно откритие на НАСА за живот во вселената

Точка

24/02/2017

14:23

7794

Големина на фонт

а а а

Светлината од Земјата до нив патува 39 години, патнички авион 44 милиони години, но сеедно темелно ќе бидат проучени.

Спектакуларното откритие на седумте планети налик на Земјата во системот "Трапист-1" отворило многу нови истражувачки можности на чиј извор се наоѓа длабоката човечка желба за откривање на живот на друго место во вселената.

Ова се 5 работи во врска со најновото откритие кои се извесни или можни:


Живот во вода?

Од седум планети, за дури шест е извесно дека се составени од карпи. Три се наоѓаат во зона која се смета за населива, во која е можна течна вода на површината. Проблемот е во тоа што ѕвездата, околу која кружат планетите, зрачи многу силно "UV" зрачење, способно да ја убие секоја жива ќелија која не би била заштитена.

Животот, така, на тие планети би бил можен доколку е заштитен со доволно дебел слој на озон во атмосферата.


Живот кој скока од планета на планета

Доколку постои живот на само една од нив, извесно е дека многу едноставно може да се прошири и на другите. Системот, имено, е многу згуснат. Најоддалечената планета од матичната земја е оддалечена на само една петтина од растојанието помеѓу нашето Сонце и Меркур.

А ако денес сметаме дека е можно животот да се сели, во ваква згусната приказна тоа значи дека појавата на живот на една планета, може да биде вистинско бомбардирање со живот на сите останати.


Засега...само бактерии?

Не може да се очекува дека на планетите моментално може да се наоѓа некој посебно развиен живот. Системот "Трампист-1" настанал пред само 500 милиони години, додека нашата земја, да речеме, е стара 4,5 милијарди години.

Цели 400 милиони години биле потребни да се развијат наједноставни облици на живот, една милијарда за фотосинтеза и кислород, а дури три милијарди за појава на првите повеќеклеточни организми.

Сончање на плажа на четвртата планета во низата

Многу е неблагодарно да се проценува колкава температура би можело да има на површината на планетата, но некои работи сепак се познати. Температурата на површината на ѕвездата е само 2.500 степени. Тоа значи дека четвртата планета прима топлина како Земјата од Сонцето, а петтата колку Марс.



Тоа лесно може да значи и слични температури на површината, но и не мора. Во случајот на Сончевиот систем, на пример, во појасот на населивост, освен Земјата, се наоѓаат и Венера и Марс. Сепак, Венера е ненаселива бидејќи е претопла поради претоплата атмосфера, а површината на Марс практично е стерилизирана поради губење на атмосферата.

Ловењето на "Хабл" на 39 светлосни години од Земјата

Што е следно? Уште и пред објавата на откритието, астрономите моќното око на телескопот "Хабл" го насочиле кон системот "Трапист-1". Се обидуваат да фатат светло, па дури и невидлива трошка светло која се одбива од атмосферата на секоја поединечна планета.



"Хабл" засега не успеал во тоа, што не значи дека нема да успее. Еднаш кога ќе успее, тоа светло научниците ќе го пуштат преку призмата и ќе видат од кои компоненти се состои.

Од тоа многу едноставно се гледа кои хемиски спојки се присутни во атмосферата. А оној момент кога ќе дознаеме каква е атмосферата на "Земјите" оддалечени на 39 светлосни години, ќе имаме ширум отворени врати за реконструкција на условите кои владеат таму.


Спонозорирани линкови

Маркетинг