Груевски: Не знам дали ќе можам да го зачувам мирот ако Заев формира влада

Точка

24/02/2017

14:07

24.812

Големина на фонт

а а а

Никола Груевски изјави дека неговата партија не знае дали ќе биде во можност да го сочува мирот и стабилноста во Македонија, доколку социјалдемократската партија СДСМ и ДУИ формираат нова влада, бидејќи е под голем притисок од своите гласачи.

Груевски изјави дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат вознемирени доколку се наруши принципот влада да формира победник од етничките Македонци со победник од етничките Албанци - како што се сега ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, вчера најави дека за 10 до 15 дена ќе формира влада со албански странки, вклучувајќи ја и најголемата - Демократска Унија за Интеграција (ДУИ) на чело со Али Ахмети, што на почетокот на јануари не му успеа на Груевски иако се обиде да го направи буквално истото.


Груевски изјавил дека етничките Македонци се исфрустрирани бидејќи албанската ДУИ во коалиција со СДСМ сака да издејствува неуставен закон за јазиците.

Поранешниот премиер го изјавил ова на состанокот со британскиот државен секретар за Европа - Алан Данкан, и амбасадорот на Велика Британија во Скопје - Чарлс Гарет.

На прашањето на Гарет за следните чекори на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски изјавил "долга е листата на чекори", но дека тој ќе ги открие "само откако ќе донесе одлука за нив."


Во Скопје попладнево се најавени протести на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери предводени од досега непознатата организација - "Македонски патриотски собир - Тврдокорни".

Груевски ги критикувал и преговорите на СДСМ и ДУИ за формирање на нова влада и оценил дека тоа е обид да се "редефинира Македонија."


Спонзорирани линкови

Маркетинг