Што ќе се случи доколку Земјата престане да се ротира?

Точка

24/02/2017

13:31

6.509

Големина на фонт

а а а

Нашата планета ротира околу својата оска со брзина од 1674 km/h – иако ние таа брзина не ја чувствуваме. Но, престанувањето на ротацијата секако би го почувствувале, тврдат научниците.

Постојат бројни сили кои не се видливи со голо око и кои овозможуваат нашиот свет нормално да функционира. Од гравитацијата до влијанието на магнетните полиња, луѓето најчесто не размислуваат за работите кои нè штитат од апсолутна пропаст.

Во моментот на запирањето на Земјата, поголемиот дел од луѓето би починале на ужасен начин.


“Сè што не се наоѓа на Земјата, би продолжило да се ротира како и дотогаш. За нас, тоа би било како да се наоѓаме во автомобил кој ненадејно запира, по претходна брзина од 1674 km/h. Нашето тело би се претворило во куршум со калибар од 22 cm” – објаснува научникот Michael Stevens.

Луѓето кои се наоѓаат околу екваторот би полетале кон исток со брзина од 465 m/s , а како последица на тоа, веднаш би се распаднале во маса од мускули и коски, додека на половите луѓето би живееле само неколку моменти подолго.

На Земјата би се појавиле јаки ветрови, кои би уништувале сѐ пред себе и би биле слични како ветровите предизвикани од детонација на атомска бомба. Оние луѓе кои, поради некое чудо би преживеале, би се претвориле во „суперсонична ротирачка трева“, влегувајќи во борба со јаките ветрови. Брзината на ветровите би била толку голема што би предизикала пожари на целата планета, што пак би довело до огромна ерозија на скоро сѐ што постои на површината на земјината кора.

Магетното поле на Земјата би престанало да постои, па сѐ на неа би било изложено на смртоносно јонизирачко зрачење во огромни количини. Според ваквото дистописко сценарио, би дошло и до редукција на океаните, огромни цунами кои дополнително би ја уништиле планетата, а водата би се движела кон половите. Без ротација, денот на Земјата , односно на делот свртен кон Сонцето би траел цели 365 дена. На спротивната страна сѐ би замрзнало, додека на сончевата страна, поради високата темпеатура, најголемиот дел од животот би изумрел.

За среќа, научниците од NASA тврдат дека веројатноста тоа да се случи во следните неколку милијарди години е рамна на нула. Но, потоа – кој знае ...

Погледнете го видеото за 10-те работи што би се случиле ако престане ротацијата на Земјата.



Спонозорирани линкови

Маркетинг