Што се крие во престижната Оскар торба која можат да ја добијат само 26 одбрани среќници?

Точка

23/02/2017

21:02

3.956

Големина на фонт

а а а

На поголемиот дел од славните личности кои се појавуваат на доделувањето на Оскарите, не им се потребни никакви бесплатни подароци, но сепак ги добиваат... И тоа, не било какви подароци!

Номинираните среќници кои присуствуваат на доделувањето на Оскарите добиваат и една торба со подароци, која неофицијално ја нарекуваат торба со која „сите добиваат“. Таа е осмислена од маркетинг компанијата „Distinctive Assets“, а се доделува во изминатите 15 години и на никаков начин не е поврзана со самата Академија на филмски уметности и науки.

Во оваа престижна торба, која им се доделува на само 26 номинирани среќници (водителот, плус номинираните во категориите за најдобар актер и актерка, најдобар спореден актер и актерка и најдобар режисер), се наоѓаат бесплатни излети на ексклузивни места, купони за пластична хирургја и многу дијаманти. Постојат и „поедноставни подароци“, како пресонализирани Крејол боици, јаболка, потници и слично.


Оваа година номинираните ќе добијат седумдневен спа третман во „Golden Door“, три ноќевања во апартман во луксузен хотел во Соренто, три ноќевања во хотелот „Grand Tremezzo“ на езерото Комо и приватно тридневно користење на вила на ранчот Lost Coast Ranch во северна Калифорнија. Освен патувања, номинираните ќе добијат и био јаболка, перници и десетгодишно снабдување со козметички производи од компанијата „Oxygenetix“.

Ова се осумте најлуди подароци кои ги содржела престижната Оскар торба

Петдневен бесплатен одмор на Хаваите


Полн плакар со женска облека од женската линија „Belldini”


Душек „Casper” за номинираниот и неговото куче


Сунѓери кои ја впиваат потта од под пазувите


Три ноќи во луксузен италијански хотел со поглед на заливот во Неапол и вулканот Везув


Десетгодишни залихи на козметички производи


Курс за реанимирање


Прозводи за борба против целулитот



Спонзорирани линкови

Маркетинг