Со помош на овој рецепт ќе имате бели заби како од реклама

Точка

23/02/2017

20:24

6.655

Големина на фонт

а а а

Куркумата е во состојба да ги избели забите и за неколку нијанси, а притоа да не ја уништи забната глеѓ.

Ова средство за избелување на забите е сосема природно, не содржи супстанци кои ја уништуваат забната глеѓ и непцата. После само една недела редовно користење на оваа паста од куркума, ќе забележите одличен резултат!


Еве што треба да направите

Земете малку прав од куркума (околу ¼ кафена лажица). Натопете ја четката за заби во неа и чистете ги забите на вообичаениот начин. Но, по чистењето, не ја плакнете веднаш устата, туку оставете ја пастата да делува 3-5 минути. За ова кусо време, куркумата ќе ги направи своите чуда.

После тоа време, темелно исплакнете ја устата за да се отстранат и најситните зрнца од куркума кои можат да останат меѓу забите. Резултатот е видлив и после првото миење! Но, ако не сте задоволни од него, процедурата повторувајте ја во текот на една недела.


Обидете се да не го допрете делот околу устата со куркумата, бидејќи малку потешко се мие. Но, ако сепак куркумата допре до вашата кожа, измијте ја со обична вода и сапун.

Можете да направите паста од ¼ кафена лажичка куркума и неколку капки маслиново (или кокосово) масло и да ја користите како горенаведениот рецепт.

Освен тоа што куркумата ги избелува забите, таа е и одличен антисептик и природен антибиотик – таа ги лекува раничките во устата, вопаленијата во усната шуплина и помага при крварење на непцата. Навистина има магични својства.


Спонозорирани линкови

Маркетинг