Стоилов: Немаме право на кикс против Целје

Дерби

23/02/2017

19:45

1444

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар в сабота од 17:30 во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат тимот на Целја во еден од најважните натпревари во оваа сезона со оглед на тоа што нашиот шампион се наоѓа во добра позиција за директен пласман во четвртфиналето.

Вардарци се втори на табелата во групата Б, но РНЛ веќе го одигра својот меч од оваа рунда што значи со победа избраниците на Раум Гонзалес ќе се вратат на стартната позиција.

Тоа е првиот од вкупно трите чекори кои „црвено-црните“ ќе треба да ги направат ако сакаат директно да летнат до осумте најдобри во Лигата на шампионите. Тие се свесни дека секој кикс може скапо да ги чини, па затоа капитенот Стојанче Стоилов повикува на претпазливост, ама и на освојување на целиот плен во пресметката со Целје.

– Во оваа сезона три пати се сретнавме со Целје и трипати успеавме да ги добиеме (два пати во СЕХА и еднаш во ЛШ). Некој луѓе можеби очекуваат лесен натпревар, ама тоа нема да биде така. Ова е важен натпревар за нас, зашто ако сакаме да бидеме први во групата мора да ги добиеме сите преостанати средби. Оваа шанса мора да ја искористиме. Ние не треба да ги потцениме, играме дома, ја имаме улогата на фаворити сме ама тоа треба да го покажеме на терен, -посочи Стоилов.


Спонозорирани линкови

Маркетинг