Тото мотивиран и возбуден

КРУГ.МК

23/02/2017

19:00

788

Големина на фонт

а а а

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека преовладува чувство на возбуденост во екипата по големата промена на правилата која стапува на сила оваа година.

„Доминантно чувство во тимот во моментов е возбудата. Фабриката “пука“ од возбуда. Беше навистина мотивирачки предизвик да се развие целосно нов концепт на болид и никогаш не сум видел толкава решеност да се успее. Фактот што сите почнаа од празен лист хартија минатата година значи дека изненадувања мора да има. Секако дека секоја промена на правилата носи ресетирање и голема шанса за оние кои дотогаш застанувале. Време е да кажеме дека мора да стоиме цврсто на земја затоа што никој не се тркал со новите правила и сите почнуваме од исто место“, објасни Волф при промоцијата на болидот.

Австриецот се согласува дека сезонскиот развој на болидот ќе биде важен како никогаш до сега, ќе биде долготрајна и неверојатно важна.

„Годинава развојот во текот на сезоната ќе игра голема улога во крајниот исход на првенството. Никој од нас не знае до каде ќе биде на првата трка, но убеден сум дека каде и да сме, имаме способни луѓе да се соочат со секој предизвик и да решат секаков проблем. Ова е сезоната во која целиот наш фабрички тим треба да ја покаже силата“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг