Ботас: Во Мерцедес постојат јасни правила

КРУГ.МК

23/02/2017

17:05

695

Големина на фонт

а а а

Валтери Ботас ќе даде се од себе и ќе се трка со Луис Хамилтон, но е свесен дека во Мерцедес постојат строги и јасни правила на однесување.

Финецот ќе се спротистави на трикратниот Формула 1 првак, но јасно му е дека “сребрените“ нема да толерираат никакви “глупости“ на патеката.

„Хамилтон и Розберг водеа тешки битки еден против друг, но како екипа, Мерцедес научи многу во врска со тоа како да се справува во такви ситуации и имаат решение за многу сценарија во кои може да се најдат. Сигурен сум дека правилата за тоа што е дозволено, а што не се многу строги и јасни.

Тешко е да се биде тимски играч, а во исто време и да се биде прв. За мене ова ќе биде нова ситуација и најдобро ќе биде да продолжам како и секогаш, така што ќе правам и давам се за екипата. Но, во исто време имам и моја цел во Формула 1 и знам дека за да победите не треба да бидете себични. Вообичаено се сложувам со сите и верувам дека ќе победувам со почит кон сите“, објасни Ботас за Autosport.


Спонозорирани линкови

Маркетинг