Таџ Махал: Најубавата градба со најтажна приказна

Точка

23/02/2017

15:15

4.600

Големина на фонт

а а а

Дури и ако не сте ја посетиле Индија, знаете дека Таџ Махал е најзначајната знаменитост на оваа земја, и една од најубавите градби во светот.

Таџ Махал е музеј кој се наоѓа во Агра, Индија. Тој е изграден во име на една вечна љубов, помеѓу 1631. и 1654. година, а во изградбата на храмот учествувале 22 илјади луѓе кои работеле повеќе од 18 години.


Овој елегантен храм со боја на слонова коса го издигнал шах Џахан за својата омилена жена Мумтаз Махал. Махал починала на 39-годишна возраст при раѓањето на нивното дете, а Џахан, скршен од болка, наредил да се изгради најубавата гробница каква што светот не видел досега.

И покрај фактот што денес е прочуен низ целиот свет, овој храм крие богата историја која до ден-денес е обвиткана во тајност.


Во внатрешноста на Таџ Махал се наоѓаат кенотафи (гробови) подигнати во чест на заљубениот пар, а истите се поставени во осумстрани одаи, украсени со полускапоцени камења. Овие преубави споменици се само за прикажување, бидејќи гробниците се празни. Саркофазите во кои почиваат телата се наоѓаат во просторија под оваа градба.




Минарињата кои го опкружуваат мавзолејот изгледаат совршено исправени, но всушност се малку накривени кон надворешноста. Тоа е направено од две причини: првата е поради естетскиот изглед, но и превентивно – во случај на земјотрес, столбовите би се срушиле далеку од срцето на мавзолејот.


Според проучената легенда, шах Џахан очајнички посакувал Таџ Махал да биде ремек-дело какво што нема на светот. Со цел да се осигура дека ништо слично нема да се изгради на овој свет, тој наводно наредил да им се отсечат рацете и да им се ископаат очите на сите занаетчии и мајстори кои работеле на храмот. Оваа верзија од приказната е широко распространета низ светот, иако историчарите не пронашле никакви докази за нејзина поткрепа.


Една од магијата на Таџ Махал е способноста да ја менува нијансата на фасадата. Од изгрејсонце до зајдисонце, сончевите зраци го трансформираат мавзолејот. Изутрина, оваа градба изгледа како да има бисерно сива и бледо розова боја, напладне е сјајно бела, а бронзената нијанса ја добива во текот на зајдисонцето. Во вечерните часови, овој храм добива синкаста нијанса.




Градбата е поставена на мермерна плоча во квадратна форма, со висина од 7 метри. Околу храмот се издигнуваат кули на сите четири агли, а самиот објект е висок 73 метри. Градежниот материјал бил носен од многу земји, од Арабија, Египет, Тибет и разни делови на Индија.

Екстериерот на Таџ Махал вклучува водени површини покрај дворецот, низ кои пловат лотосови цветови.


Високата градба од снежно бел мермер, која е опколена со прекрасни цветни градини сведочи за вечната љубов помеѓу индискиот крал и неговата беспрекорно убава жена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг