5 најљубезни земји во светот кои секој турист би сакал да ги посети

Точка

23/02/2017

17:51

5913

Големина на фонт

а а а

Глобалната социјална мрежа InterNations го спровела своето годишно истражување со иселениците(Expat Insider Survey), во кое вклучила повеќе од 14 илјади иселеници од 191 земја. Тие во анкетата морале да оценат повеќе аспекти од животот надвор од нивната земја, вклучувајќи и колку им било тешко да се сместат, колку лесно/тешко им било да стекнат пријатели и општото гостопримство на жителите.

1. Уганда


Највисоки оцени за гостопримливост добила оваа источноафриканска земја. Она што ги прави исклучително гостопримливи жителите на Уганда е тоа што прифаќањето на сите националности е врежано во нивната култура.

2. Коста Рика


9 од 10 иселеници се задоволни од општата гостопримливост на жителите, а 79 отсто од нив се чувствуваат како дома во оваа земја. Причината за тоа е „pura vida“ – буквално преведено како „чист живот“, што значи дека луѓето се задоволни со тоа што го имаат, без грижи и проблеми.

3. Колумбија


Иселениците во оваа земја многу брзо се снаоѓаат, и тоа поради исклучително љубезните Колумбијци кои сакаат да ја прикажат својата земја во позитивно светло, па се љубезни кон дојденците и се подготвени да им помогнат.

4. Оман


Жителите на една од најсончевите земји во светот ја одразуваат нејзината пријатна клима. Тие се отворени и љубезни кон странците, а според својата исламска вера, подготвени се секого да го поканат во својот дом на кафе, десерт или овошје.

5. Филипини


Луѓето се пријателски расположени и секогаш насмеани, а културата им е таква што често организираат забави, па има многу прилики за запознавање нови пријатели. На тој начин дојденците се чувствуваат добредојдено.


Спонозорирани линкови

Маркетинг