Дел Потро искрен: Само за Надал и Федерер би станал во пет наутро

Дерби

23/02/2017

14:18

838

Големина на фонт

а а а

Аргентинскиот ас, Хуан Мартин Дел Потро јасно и недвосмислено покажа колку ги сака и почитува големите Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Дел Потро е одушевен и од двајцата притоа потенцирајќи дека тие се единствените играчи за кои би станал во пет наутро за да ги гледа на телевизија.

- Мислам дека тоа е фанстатично за нас играчите, но и за навивачите. Се разбудив во 5 наутро за да ги гледам, ако играа некој други тенисери не верувам дека тоа ќе го направев, - рече Дел Потро и додаде:

- Од нив можете секој ден да учите, можете да ги победите зошто се нормални. Кога поседувате природен талент како Федерер единствено е важно да бидете на добро физичко ниво. Ако јас успеав да се вратам и да одработам добра претсезона по долгата пауза поради повредите, тогаш замислете го него. Затоа е најдобар играч на сите времиња, - истакна освојувачот на Ју-Ес Опен од 2009 година.

Мајсторот од Тандил исто верува оти Федерер има шанси да се вклучи во битката за самиот врв на АТП листата.

- Се надевам ќе остане здрав, би било убаво кога со Мари и Ѓоковиќ би се борел за првата позиција на АТП листата, - заклучил Аргентинецот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг