Даниел Кајмакоски го доби синчето Давид! "Отсекогаш сакав да бидам млад татко!"

Точка

23/02/2017

13:38

4.000

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач веднаш ја сподели радосната вест со своите фанови на "Фејсбук" и ни го покажа малечкиот Давид.

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски денес за прв пат стана татко.



"Отсекогаш сакав да бидам млад татко! Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денес ми се оствари мојата животна желба - ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски!" - пишува Кајмакоски.


Инаку саканата избраничка на Даниел, Кристина Димитриевска (20), со која се заедно повеќе од една година, се породила во приватната клиника Санте Плус Хоспитал во Скопје. Поради бебенцето тие ги забрзале и плановите за венчавка за да ја официјализираат својата врска.




Спонозорирани линкови

Маркетинг