НАСА откри седум нови планети со големина на Земјата - на три од нив можно е да постои и вода

Точка

23/02/2017

12:17

4891

Големина на фонт

а а а

Пронајдени се седум нови планети слични на Земјата надвор од нашиот Сончев систем, а на три од нив можно е да има вода, па дури и океан.

Овие планети орбитираат во зона погодна за живот околу ѕвездите во системот Trappist-1, на 40 светлосни години оддалеченост од Земјата, а во наредните децении може да се откријат и докази дека постои живот на нив - изјавија вчеравечер научниците од конференцијата организирана од страна на НАСА - посветена на големи откритија надвор од нашиот Сoнчев систем.


Пред конференцијата на кратко било кажано дека "не станува збор за вонземјани", а откритието го презентирале астрофизичарот Томас Чурбухен од седиштето на НАСА во Вашингтон, Михаел Жилон, астроном од белгискиот универзитет во Лиеж, менаџерот на научниот центар Spicer во Пасадена, Калифорнија - Шон Кери, Никол Луис, астроном од Институтот за телескопско истражување на вселената во Балтимор и Сара Сигер, професорка по астрономија и физика на МИТ и Кембриџ.

"Откриени се седум планети со големина на Земјата оддалечени само 40 светлосни години и се наоѓаат во три зони. Научниците веруваат дека на најмалку три од овие седум планети постои вода и дека прашањето кога ќе биде откриена е во догледна иднина", изјавил Чурбухен.



На три од седумте планети кои орбитираат околу ѕвездите во системот Trappist-1 откриено е нешто кое би можело да се нарече "Светиот Грал за астрономите посветени по потрага на нови планети", бидејќи на нив постојат услови за развој на живот. Ниедно од досега познатите соѕвездија нема толку карпести планети со големина на Земјата, а тие би можеле да имаат и цели океани, велат научниците убедени во можноста дека во следната деценија би можеле да откријат и дали постои живот на нив.

Овие екстрасоларни планети, како што вели Михаел Жилон, се близу една до друга и орбитираат на тој начин што на едната половина од планетата е секогаш ноќ, додека на другата е секогаш ден, нарекувајќи го ова откритие "највозбудливо во последните 15 години".

"Ова е неверојатен систем на планети, не само што пронајдовме толку многу од нив одеднаш, туку и затоа што тие се изненадувачки слични на Земјата. Планетите се блиску една до друга и се исто таа многу блиску до ѕвездите, што потсетува, да речеме, на Сателитите околу Јупитер", изјавил Жилон.



Шон Кери од научниот центар во Пасадена, изјавил дека до ова открите дошле со помош на вселенскиот телескоп Spicer чија примарна задача не е да трага по соѕвездија, но сепак успеал да ги регистрира овие планети.

"Trappist-1" е "ултра-ладно џуџе" во соѕвездието Водолија, кој има само осум проценти од масата на Сонцето, па е само малку поголем од Јупитер и многу поладен и поцрвен од сонцето. Или за полесно да се објасни, тој е толку помал од сонцето колку што е голф топче во споредба со баскет.

Професорката Сара Сигер изјавила дека научниците се уште не знаат многу за овие планети, но дека се знае дека постојат повеќе вакви "сестри на Земјата".



Егзопланетите, планети кои орбитираат околу ѕвезди надвор од нашиот Сончев систем, моментално се вселенски тела во кои научниците гледаат голема надеж, кога станува збор за живот во далечната вселена, бидејќи за многу од нив се покажа дека личат на Земјата, а можат да содржат и можност за живот на нив, со текот на времето научниците откриваат се повеќе и повеќе од овие планети.

Британскиот астроном д-р Крис Копервит од Универзитетот "Џон Мур" во Ливерпул, кој е дел од меѓународниот тим, рече дека ова е повеќе од големо откритие.

"Откривањето на повеќе карпести планети на кои температурата на површината е таква што дозволува постоење на течна вода го прави овој возбудлив систем цел за пребарување по услови за живот во иднина - вели д-р Копервит за "Индипендент".

Ако човек би се нашол на една од овие планети, се би му изгледало потемно, бидејќи светлината е 200 пати помала од светлината на Сонцето, нешто како на самрак, но и покрај тоа, би било доволно топло, со оглед на тоа дека до нив допира еднаква енергија како од сонцето, но преку инфрацрвени зраци, велат истражувачите. Сите овие планети се поблиску до ѕвездата Trappist-1, отколку што е Меркур до сонцето во нашиот сончев систем, а ѕвездата погледната од овие планети би изгледала 10 пати поголема отколку нас сонцето, и човекот би ја гледал розово. Ова, сепак, не значи дека нивните потенцијални "жители" би ја гледале ѕвездата на ист начин затоа што, најверојатно, ќе имаат развиено различен вид, ако воопшто го развиле, тврдат научниците.

Телескопот "Хабл" кој го користи НАСА веќе ја пребарува атмосферата околу овие планети, а се очекува и телескопите, како тие на Европската вселенска агенција и телескопот "Џејмс Веб" да бидат доволно моќни за да детектираат услови за живот како на пример - постоењето на кислород на есктрасоларните планети. Астрономите и физичарите пак предупредуваат дека треба во предвид да се земат и потенцијалните извори на радијација.

Прашања во врска со овие наоди можете да им поставите на научниците на Твитер под хаштагот #asknasa.


Спонозорирани линкови

Маркетинг