Погледнете како изгледаше црвениот тепих на Оскарите пред 20 години

Точка

22/02/2017

19:38

4.130

Големина на фонт

а а а

Во 1997 година на 69-тото доделување на престижните награди Оскари, славните ѕвезди блеснале во сиот сјај. Тоа беше прекрасна година, а сега во пресрет на новите Оскари, ќе се потсетиме на тогашниот изглед на ѕвездите во кој веруваме дека ќе уживате!

Сандра Булок


Славната актерка изгледала одлично во популарниот крој на фустан кој доминирал на ова 69-то доделување на Оскарите.

Никол Кидман и Том Круз


Некогашниот најславен холивудски пар изгледал многу елегантно на црвениот тепих. Никол одбрала интересен фустан во прекрасна нијанса на резеда, а Том изгледал совршено елегантно.

Едвард Нортон


Изгледот на на неговата брада бил малку дискутабилен, но смокингот бил одличен избор.

Дајан Китон и Стив Мартин


Дајан одлично го извела целиот стајлинг во бела боја (вклучувајќи ги и чевлите со високи потпетици), а и Стив Мартин изгледал елегантно и отмено.

Винона Рајдер


Кога ќе ги погледнеме нејзините стари фотографии и ќе ги споредиме со денешните, навистина доаѓаме до заклучок дека актерката не остарела ниту еден ден во изминатите 20 години!

Џенифер Лопез


Џеј Ло ги покорува црвените теписи уште од далечните 90-ти години и секогаш изгледа неверојатно гламурозно.

Кортни Лав


Може да се каже дека ова било најдоброто издание на Кортни Лав досега! Почнувајќи од фустанот, накитот, до одличната фризура – се` изгледало беспрекорно!


Спонозорирани линкови

Маркетинг