Оваа магична скриена плажа на остров крие смртоносна тајна

Точка

22/02/2017

19:45

6.152

Големина на фонт

а а а

До скриената плажа на островот Мариета во близина на Пуерто Валарта во Мексико може да се дојде само со брод, односно со пливање низ тунел долг околу педесетина метри.

Островот Мариета настанал како резултат на вулканска активност пред неколку илјади години во близина на мексиканскиот брег. Поточно, островот е оддалечен градот Пуерто Валарта околу еден час возење со брод.


Најголемата туристичка атракција е скриената плажа до која може да се дојде со пливање низ тунел долг околу педесет метри. Песокот на плажата е многу мек, водата е пријатна за капење, а во близина има и неколку корални гребени кои сакаат да ги истражуваат нуркачите аматери.


Поради својата убавина, плажата е голема туристичка атракција, а со оглед на тоа што е осамена, претежно ја посетуваа парови. Поради тоа, не е чудно што го носи прекарот „плажа на љубовта“.


Но, нејзиното потекло нема никаква врска со љубовта. Имено, мексиканската влада на островот правела експерименти за време на Првата светска војна. Поточно, го испробувала најсофистицираното оружје во тоа време.


Детонациите предизвикале дупка над плажата на љубовта, а се верува дека островот е полн со неексплодирани експлозивни направи, па не се препорачува истражување по необележаните патеки.


Островот изобилува и со богата флора и фауна, па поради тоа овој простор е заштитен и е прогласен за Национален парк во шеесеттите години од минатиот век.


Спонозорирани линкови

Маркетинг