Исхрана за здрава коса

Точка

22/02/2017

17:23

2.270

Големина на фонт

а а а

Здравата, сјајна и бујна коса не произлегува само од квалитетните препарати – тука е битен и внесот на витамини и минерали преку исхраната.

Она што често го забораваме е дека косата се негува одвнатре, а не однадвор. Доколку не се храните правилно, ни најскапите маски за коса нема да Ви донесат добри резултати.

Ова се дел од намирниците кои на Вашата коса ќе ѝ ја обезбедат потребната нега:

Лосос

Лососот е богат со омега-3 масни киселини, високо квалитетни протеини, како и витамин B-12 и железо. Омега-3 масните киселини се потребни за одржување на здравата структура на кожата на главата, а недостатокот од нив доведува до суво теме и оштетена коса. Доколку не можете да си приуштите лосос на Вашата трпеза, одлична замена за ова месо се две лажици мелено ленено семе.


Зелен и лисест зеленчук

Зеленчукот како што е спанаќот, брокулите и блитвата се одличен извор на витамините A и C, кои се неопходни за лачење на себумот. Темнозелениот зеленчук е одличен извор и на калциум и железо.

Јајца

Најдобриот извор на протеини, кои се неопходни за здрава коса. Јајцата содржат и биотин и витамин B-12 кои се важни хранливи материи за квалитетот на кожата.

Интегрални житарки

Интегралните житарки се одличен извор на цинк, железо и витамин B.


Школки

Школките, освен по своето афродизијачко дејство, одлично влијаат и врз здравјето на косата. Тие содржат висока концентрација на цинк, кој е моќен антиоксиданс. Алтернативна замена за школките се говедското, јагнешкото месо и костенастото овошје.

Морков

Морковот е одличен извор на витамин А, кој е од суштинско значење за здравата и сјајна коса. Внесете го овој зеленчук во Вашата исхрана, посебно во неговиот изворен облик или во облик на салата.

Млеко и млечни производи

Млечните производи изобилуваат со калциум, кој е важен минерал за раст на косата. Освен тоа, тие содржат и сурутка и казеин – два квалитетни и неопходни протеини за квалитетна и сјајна коса.


Спонозорирани линкови

Маркетинг