Ова е убиецот од Охрид: Соседот од втор спрат со нож ја убил Спаса Бојоска, а еве што направил со парите

Точка

22/02/2017

16:54

23.714

Големина на фонт

а а а

Тој честопати ја посетувал Спаса Бојоска при што од неа барал пари на заем, а истото го правел и со останатите соседи.

Се откри идентитетот на убиецот во Охрид - кумановецот Јосип Кузманоски е приведен за убиство на 67-годишната Спаса Бојоска. Таа завчера беше пронајдена мртва во претсобјето својот дом, а причина за смртта се повеќе убоди од нож во главата и вратот. Нејзиниот погреб е денес, на градските, охридски гробишта.


Јосип Кузманоски и' бил соседот од втор спрат кој, според изјавите на станарите, велат дека се однесувал агресивно и честопати ја посетувал Спаса Бојоска при што од неа барал пари на заем, а истото го правел и со останатите соседи. Тој во Охрид се доселил пред шест месеци на улица Галичица при што од тогаш ги тероризирал соседите од цела улица. Се оженил за охриѓанка, бил невработен и немале деца.

Тоа што го натерало да посегне по животот на Спаса најверојатно е стекнување на материјална корист. Спаса примала голема пензија од Германија, па се претпоставува дека кога тој влегол во нејзиниот дом да ја бара нејзината заштеда, таа го одбила па поради тоа ја убил.


По убиството, го фрлил ножот (доказен материјал) како и украдените пари во вредност од 10.000 евра во контејнери и се упатил кон Куманово со намера потоа да ја напушти и државата.

Во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично-правниот настан.



Спонозорирани линкови

Маркетинг