Домашна пилешка паштета: Доколку сте навлечени на паштета, а ви смета самата помисла на тоа од што е направена купечката...

Точка

22/02/2017

16:30

1848

Големина на фонт

а а а

Да се разбереме, на моето дете никогаш не би му дала ниту да проба купечка паштета. Тоа е за мене најголемото зло од храна и нема апсолутно никакви шанси моето дете да јаде конзервирана храна, а најмалку паштета.

Но тоа мое дете оди во градинка и таму за појадок погодете што добива - паштета! Па кога ќе се врати дома ми бара од истото..

Епа ако сакаш паштета, сама ќе ти ја направам..

Земам 200 грама пилешко месо,
Четири супени лажици павлака,
Една главичка кромид
Една китка магдонос
Дланка семки од тиква
Малку семки од сончоглед и печен сусам
Сосема малку маслинов зејтин
...и секако сол и црн пипер.

Подготовка: Сите овие состојки ги ставам во блендер и блендирам околу 5 минути. Резултатот е превкусна домашна паштета која беспрекорно се мачка на свеж леб.

Понекогаш го менувам рецептот во зависност од тоа што го имам дома.. Одлично ме служи и за ненајавени гости - им приготвувам вкусни солени канапеи - на парчиња исечен багет мачкам од мојата паштета, ставам малку сирење и маслинка - нема повкусно.


П.С. Само замислете го изгледот на мојата свекрва кога децата и' кажуваат дека мама за ручек им сервира паштета :)

Добар апетит!


Спонозорирани линкови

Маркетинг