Реџи Милер отворено: Ова е разочарувачки, Ол-старот беше чиста комедија

Дерби

22/02/2017

20:00

1729

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите тројкаши во историјата на НБА и некогашна ѕвезда на Индијана Пејсерс, Реџи Милер отворено и без влакна на јазикот говореше за овогодинешниот Ол-стар натпревар во Њу Орлеанс.

На истиот паднаа многу рекорди меѓу кои и оној по бројот на постигнати кошеви, меѓутоа тоа воопшто не го импресионира и Милер смета дека Ол-стар мечот полека ја губи својата смисла.

-Јас разбирам дека тоа е егзибициски натпревар и дека не значи ништо, оти навивачите треба да се забавуваат, ама во одреден момент мора да има натпревар меѓу најдобрите играчи на светот. Тоа што го видовме беше шега, комедија. Да имаше забивање, пасови тоа го има, ама обично во четвртата четвртина во близок натпревар момците обично велат: Ок, сега одиме јако, одиме по победата. Тоа не се случи, беше разочарувачки, тоа е така веќе три години, -рече Милер и додаде:

-Тоа што го видовме беше видео игра. Фокусот беше ставен на кошеви, без одбрана. Помладата генерација ќе рече тоа беше фантастичен Ол-стар. Момците од нашата генерација пак велат: Ова е шега, голема шега и исмејување на играта, -рекол Милер во шоуто на Ден Патрик.


Спонозорирани линкови

Маркетинг