Хулкенберг импресиониран

КРУГ.МК

22/02/2017

18:00

894

Големина на фонт

а а а

Иако Нико Хулкенберг сеуште нема завртено круг со новиот РС17 болид на Рено, германецот е импресиониран со она што го видел во воздушниот тунел на екипата.

„Болидот е секси и бев импресиониран уште од првиот момент кога го видов во воздушниот тунел. Среќен сум што сум дел од Рено. Ни претстои многу работа, но се надевам на плодна и долгогодишна соработка.

Секако дека 2017 година е голем тест по разочарувањето лани и мораме да се подобриме во многу клучни области. Цел е да се придвижиме кон средината на гридот во сезоната која следи за да направиме дополнителен исчекор во 2018 година. Инспириран сум што сум дел од оваа организација и чест ми е што ќе може да помогнам.

На крајот на денот се работи за тимска игра и сите се важни, но ние сме оние кои мора да испорачаат на патеката. Ги знам целите на екипата и одам чекор по чекор за да ги максимизираме можностите и да постигнеме добри работи. Ќе дадам се од себе за да помогнам колку што можам повеќе“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг