Бел: Прв Рено од новата ера

КРУГ.МК

22/02/2017

16:16

959

Големина на фонт

а а а

Главниот “техничар“ во Рено, искусниот Боб Бел смета дкеа РС17 е првиот вистински Рено по враќањето на францускиот производител во спортот.

Откако некое време беше само снабдувач со мотори во Формула 1, Рено се реши на почетокот на минатата сезона да се врати во најпрестижната тркачка серија со своја екипа.

„Не е тајна дека нашиот лански болид не беше роден со долг и беспрекорен развоен процес, така што овој РС17 болид е првиот Рено Формула 1 болид од модерната ера. Се рабори за зрел дизајн затоа што имавме време и ресурси да го направиме тоа со оглед на големата промена во правилата од оваа година. Немаме ништо пренесено од 2016 година така што навистина почнавме од празен лист хартија“, објасни Бел.

Боб додаде дека е многу убеден во однос на новото чедо.

„Перформансите покажуваат дека имама силни и константни придобивки во нашиот развој. Ако го анализирате болидот ќе видите огромно внимание посветено на детали и софистикација што покажува дека бил дизајниран од талентирана група на луѓе, полна со знаење. Ова е вистински Рено Формула 1 болид и од тоа што го знам ми влева многу оптимизам“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг