Салмонелата убива ќелии од рак – на повидок нов лек?

Точка

22/02/2017

16:06

4.859

Големина на фонт

а а а

Бактеријата салмонела која предизвикува труење со храна, може да ги убие ќелиите на ракот, оставајќи ги здравите клетки недопрени – велат научниците.

Тим на експерти од универзитетот Чонам во Јужна Кореја развиле генетски модифициран облик на салмонела која ги напаѓа клетките на туморот, но ги остава здравите клетки недопрени.

Ова е последната во низата терапии во рамки на новите третмани против ракот под име “бактериотерапија”, пишува Daily Mail.


“Kај глувците кај кои е користена оваа модифицирана верзија на салмонела е забележано намалување на големината на туморот” – вели американската Асоцијација за напредна наука во Бостон.

Оваа изменета бактерија, исто така, престанала да ги напаѓа здравите ќелии, со што се свртела кон уништување на канцерогените.
Во лабораторски услови, при вбризгување на салмонела во крвотокот на глувците забележано е намалување на големината на туморите и ракот на дебелото црево.

Ова откритие го поздравуваат и британските научници

Кевин Харингтон, професор за биолошки терапии на тумор при Институтот за истражување на болестите на ракот, вели дека познат e фактот дека одредени типови на бактерии можат да растат во туморите, но не и во нормалното ткиво.

Меѓутоа, досегашните обиди за употреба на бактерии при терапиите против ракот се покажале како неуспешни, како во лабораториски, така и во клинички услови.

Но, сега кога оваа бактерија е генетски изменета, таа создава верижна реакција во внатрешноста на ќелиите на имунитетот, кои испуштаат молекули, убиваjќи ги ќелиите на ракот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг