The Great Wall е најнеуспешниот филм на Mет Дејмон во последните 5 години!

Точка

22/02/2017

13:55

3.921

Големина на фонт

а а а

The Great Wall ги надмина очекувањата на бројните експерти во филмската индустрија, но верувале или не – филмот повторно успеа да разочара.

Имено, овој проект е најнеуспешниот филм на актерот Mет Дејмон во втората половина од оваа деценија, како и еден од најнеуспешните филмови на сите времиња.


Со заработка од скоро 18,5 милиони долари, The Great Wall имаше најнеуспешна преимера од сите филмови на Дејмон oд 2011. година, освен чудниот жанровски хибрид We Bought a Zoo, кој им донесе на Mет Дејмон, Скарлет Јохансон и Ел Фанинг заработка од 9,36 милиони долари на денот на премиерата.

За споредба, минатогодишниот акциски трилер Jason Bourne во текот на првиот викенд на премиерата оствари заработка од 60 милиони долари. Damon беше дел и од неуспешниот проект на режисерот Гас Ван Сент – Promised Land, кој помина лошо на својата премиера од причина што дебитираше во мал број на кина ширум светот.

Да не заборавиме дека другите филмови на овој актер беа одлично прифатени во текот на првите прикажувања, а дури три филма ја направија 2011. година, година на Mет Дејмон – Happy Feet Two, Contagion и The Adjustment Bureau.



Спонозорирани линкови

Маркетинг