Ново име во Автокоманда: Металург се засили со поранешен бек на Адемар Леон и Данкерк

Дерби

22/02/2017

12:11

500

Големина на фонт

а а а

Македонскиот вицешампион Металург повлече потег кога се во прашање засилувањата и од денеска ново име кај нив е поранешниот играч на Металопластика, Адемар Леон, Данкерк и Ал Џазира, Предраг Вејин.

Тој одработи неколку тренинзи со екипита на кои ги задоволи вкусовите на Лино Червар и потпиша договор до крајот на оваа сезона со можност за продолжување на соработката.

– Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на тимот и со својата игра ќе придонесам во остварувањето на амбициите на клубот, -рече новиот 24-годишен десен бек на клубот од Автокоманда.

Некога конкуренција на таа позиција е македонскиот репрезентативец Мартин Велковски.


Спонозорирани линкови

Маркетинг