Пол Макартни му дава рака на Ринго Стар: Членовите на Битлси се обединија да снимаат нова музика

Точка

22/02/2017

10:15

1649

Големина на фонт

а а а

"Ти благодарам што дојде овде и отсвири одличен бас. Те сакам брат, мир и љубов", тапанарот му кажа на својот колега од Битлси.

Поранешните членови на групата Битлси - Пол Макартни и Ринго Стар, повторно се обединија во студиото овој викенд за да снимаат нова музика заедно, откри тапанарот на социјалните медиуми.



"Ти благодарам што дојде овде и отсвири одличен бас. Те сакам брат, мир и љубов" - напишал Стар веднаш под фотографијата од него и Макартни во студио.

Стар исто така објавил фотографија и на Твитер, од него, Макартни и гитаристот од "Eagles", Џо Волш од истата сесија во студиото и напишал "Дури и Џо Волш дојде да свири, каков ден!" ..



Снимањето се случило само неколку дена откако Макартни. Ринго Стар, Волш заедно со Том Хенкс и Дејв Грол беа забележани сите како вечераат заедно во ресторан во Санта Моника, пишуваат Rolling Stone.

Последната соработка помеѓу Макартни (74) и Ринго Стар (76) беше во 2010-та година на албумот на Ринго "Y Not" во кој Пол свиреше бас во песната "Peace Dream" и пееше во "Walk with You".

Ринго Стар моментално снима нов албум, кој го претставил како продолжение на последниот - "Postcard from Paradise" од 2015-та година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг