Пазете се од љубомората на овие три хороскопски знаци

Точка

21/02/2017

21:09

8.545

Големина на фонт

а а а

Љубомората е чувство кое често е нераздвојно од љубовта, но исто како што може да ја уништи врската, така и не е добро ако воопшто не постои.

Овенот прави сцени

Припадниците на овој хороскопски знак имаат проблем со апсолутната доверба, па поради тоа внимателно ги следат потезите на својот партнер и ги анализираат. На појавата на сомнеж реагираат импулсивно и моментално, без оглед на тоа каде се и пред кого се наоѓаат. Од нив можете да очекувате секаква реакција – од фрлање чинии до гаѓање со прстен, па дури и закани.


Лавот е посесивен

Припадниците на овој знак се прилично склони кон љубомора, но таа не е толку груба како кај другите знаци и често изгледа само како потврда на љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни поради повредена гордост, преголеми очекувања од партнерот или од страв дека тој не ги сака доволно, а од невверството повеќе се плашат поради ударот врз нивното его, отколку поради предавството на љубовта.


На скорпијата ѝ се гледа на лицето

Скорпиите се најљубоморниот хороскопски знак, иако постојат исклучоци. Претежно, не се воопшто тактични кога искажуваат љубомора, не одбираат зборови и можат да се чувствуваат како партнерот да ги изневерил поради работи на кои другите не би реагирале. Тешко отворено ќе ја признаат љубомората, но таа јасно се гледа на нивните лица.


Спонозорирани линкови

Маркетинг