Неверојатната убавина поради која возачите скршнуваат од патот

Точка

21/02/2017

19:39

3.018

Големина на фонт

а а а

На пример, минатата година Исланд го посетиле повеќе туристи од САД отколку што има жители! А, да не зборуваме за туристите и од останатите земји...

Природниот феномен кој моментално може да се доживее во северниот дел од Европа фасцинира многумина, но кај некои луѓе резултира и со непосакувани последици.


Пред околу десет дена во југоисточниот дел од Исланд полицијата запрела двајца возачи од странски земји, бидејќи им изгледало многу чудно нивното скршнување по улицата. Полицајците, уверени дека возачите биле под влијание на алкохол, се изненадиле кога виделе дека алкохолот немал никаква врска со однесувањето на возачите. Имено, за се` била „виновна“ поларната светлина!


Имено, возачите биле толку воодушевени од светлината, што во еден момент престанале да гледаат во патот пред нив и, очигледно, подолго време биле загледани во небото.


Но, не е само Аурора Бореалис таа што им го одвлекува вниманието на возачите. Неверојатно, но вистинито, со зголемениот наплив на туристи, работниците во „исландските улици“ често мораат да се справуваат со неодговорното однесување на странците зад волан, па така еден од најголемите проблеми е тоа што тие застануваат среде пат и таму ги оставаат своите автомобили.


Во последните неколку години, благодарение на евтините летови, туристите се` повеќе го посетуваат Исланд. На пример, минатата година Исланд го посетиле повеќе туристи од САД отколку што има жители! А, да не зборуваме за туристите и од останатите земји...


Едноставно, сите ја обожуваат оваа земја, а вулканите, гејзерите, китовите станаа само некои од неизбежните работи во туристичките понуди. Прекрасни глетки има речиси на секој чекор!





Спонозорирани линкови

Маркетинг