Хорнер: Рено имаа одлична зима

КРУГ.МК

21/02/2017

20:00

683

Големина на фонт

а а а

Кристијан Хорнер е оптимист дека неговиот Ред Бул ќе биде вистински предизвик во 2017 година откако снабдувачот со мотори Рено многу го подобриле моторот во текот на зимата.

Партнерството на тимот од Милтон Кинс со францускиот производител донесе 4 двојни титули во В8 ерата, но проблемите почнаа со новата турбо ера од 2014 година.

Системот на токени кој беше на сила лани за оваа година е напуштен така да подобрувањата кои ги прават производителите на своите мотори може да бидат големи.

„Моторот за оваа година е целосно нов и со променета филозофија. Рено имаа многу продуктивна зима. Се надеваме на исчекор во однос на перформансите и дека ќе моежем да бидеме вистински предизвик за титула годнава, мачејќи ги Ферари и Мерцедес“.

“Разјарениот бик“ ја заврши 2016 година на второ место кај конструкторите и го задржува возачкиот тандем од лани.

„Мерцедес се тројни двојни прваци и тие се оние кои треба да се победат, така што предизвикот е навистина голем, но ние тоа го сакаме. Се надеваме дека достојно ќе ги предизвикаме. Мислам дека возачкиот тандем ни е фантастичен, имаме стабилност во екипата и возбудени сме за она што ни претсти“, посочи Хорнер.

Новиот РБ13 болид на тимот ќе биде промовиран во Недела на 26 Февруари, ден пред почеток на предсезонскиот тест.

„Мислам дека нашиот РБ13 болид е еден од најубавите кои досега ги имаме дизајнирано. Геометријата на болидот со новите правила, пропорциите се одлични, изгледа злобно, изгледа брзо.

Ќе биде феноменално да се види кој погодил, а кој промашил со целосно новите правила во однос на аеродинамиката годинава. Се разбира дек аќе се бркаме со развојот од Австралија до Абу Даби и ќе имаме чести промени во однос на изгледот. Секој дел од тимот ќе биде под притисок да проба нешто ново и да ги надмудри останатите“.

Моторот на тимот оваа година како и лани ќе биде ребрендиран во Таг Хојер.


Спонозорирани линкови

Маркетинг