Позади овие филмови се кријат вистински приказни

Точка

21/02/2017

17:41

3.939

Големина на фонт

а а а

Овие прекрасни филмови се инспирирани од вистински животни приказни, па токму затоа и се толку популарни на големото платно.

The Notebook



Филмот The Notebook е направен според вистинска приказна: авторот на приказната Nicholas Sparks, на својата веб-страна признал дека филмот се темели на љубовната приказна помеѓу неговите баба и дедо. Тоа е приказна за двајца млади луѓе, кои и по 60 години брак, се сакаат како првиот ден. Ова е жив (но и филмски) доказ дека вистинската љубов може да трае засекогаш.

A Beautiful Mind



Драмата од 2001. година говори за математичарот и добитникот на Нобелова награда – John Nash, кој живеел на работ на параноична шизофренија, но и за неверојатната љубовна приказна помеѓу него и неговата сопруга. Russell Crowe и Jennifer Connelly одлично ги одиграа улогите на John и Alicia, кои се венчале во 1957. година. Две години по венчавката, тие добиле син, а потоа во 1963. година се развеле. И покрај разводот, тие останале во добри односи, по што повторно се венчале во 2001. година.

Починале заедно во сообраќајна несреќа, на враќање од аеродром во 2015. година, тој на свои 86, а таа на свои 82 години.

The Vow



Доколку заплакавте на оваа романтична драма, тоа не е без причина: приказната во која младиот брачен пар Paige (Rachel McAdams) и Leo (Channing Tatum) доживуваат тешка сообраќајна несреќа, а потоа девојката го губи помнењето е направена спред вистинска приказна.

Вистинската протагониста во оваа приказна, Krickitt Carpenter вели дека бледо се сеќава на девојката во белиот фустан на снимките од својата венчавка. Младиот пар доживеал несреќа само 10 недели по венчавката, кон посета на нејзините родители.
Таа, до ден-денес не се сеќава на последните две години пред несреќата.

“Можам да се сетам на некои од моите поранешни момчиња, но не можев да се сетам на човекот кој тврдеше дека ми е сопруг” – вели Krickitt.

По излегувањето од болница, таа не чувствувала ништо кон човекот кој требалo да биде нејзиниот животен партнер. Затоа, по идеја на брачниот советник, тие почнале да живеат одвоено и повторно да излегуваат на состаноци. Со текот на времето, тие повторно изградиле близок однос, иако Krickitt признава дека никогаш не била лудо вљубена во својот сопруг, Kim.

Единаесет години по нивното венчање, тие добиле син, а неколку години подоцна и ќерка.

At First Sight



Во филмот од 1999. година, Val Kilmer е во улога на Virgil Adamson, човек кој е слеп уште од детството. Тој се заљубува во разведената њујоршка архитектка Amy Benic, која го наговорува на операција на очите.

По големо негодување, Virgil попушта и заминува за Њујорк, каде по извршената операција го враќа видот. По годините поминати во мрак, звуци и допир, овој човек е изгубен во реалниот свет, а врската на двајцата е пред искушение.

At First Sight е филм кој е инспириран од вистинската приказна за Shirl Jennings, човек кој е еден од ретките кои успеале да го вратат видот по доживотно слепило. Тој го изгубил видот на свои 3 години, кога се разболел од три болести во исто време: менингитис, детска парализа и CSD (Cat Scratch Disease).


Спонозорирани линкови

Маркетинг