Хуберт де Живанши: Модниот гигант кои ги ослободи жените од неудобните кроеви

Точка

21/02/2017

17:06

2.321

Големина на фонт

а а а

Славниот француски моден дизајнер Хуберт де Живанши денес го прославува својот 90-ти роденден, а по тој повод ние ќе се потсетиме на неговата успешна кариера.

Hubert James Marcel Taffin de Givenchy е роден на 21-ви февраури во 1927-мата година во француското градче Beauvais. Уште од малечок бил опседнат со модни списанија и сонувал дека еден ден ќе работи за шпанскиот дизајнер Кристобал Баленсијага. Тој најверојатно не ни замислувал дека неговите соништа не само што ќе се остварат туку тој ќе стане поуспешен и од неговата визија.


Младиот Хуберт на возраст од 17 се преселил во Париз и се запишал во престижната Национална школа за ликовна уметност, па благодарејќи на неговиот голем талент за цртање веднаш започнал да работи за некои од највлијателните модни дизајнери од тоа време.


Првата креација ја направил за Jacques Fath, а потоа и' станува асистент на легендарната Elsa Schiaparelli, најголемата ривалка на Коко Шанел.

Не поминало долго време додека талентираното момче да стане независно. На само 24-години тој ја отворил својата сопствена модна куќа по што следел и неговиот огромен успех. Во неговата прва колекција особено се издвоила блузата со волумениозни ракави, наречена "Бетина", а како инспирација за оваа креација му послужила неговата прва муза, познатата француска манекенка Бетина Грациани.


Меѓутоа, една друга муза го одбележа неговиот живот и професионално и приватно. Во 1953-та година, додека со нетрпение го исчекувал првиот состанок со Мис Хепберн, верувајќи дека доаѓа Кетрин Хепберн, во неговиот салон влетала Одри Хепберн.

Младата актерка преку ноќ стана огромна ѕвезда благодарение на улогата во филмот "Празник во Рим" па дошла на генерална проба за облеката која требала да ја носи во филмот "Сабрина", а која ја дизајнирал токму тој - Живанши - па првата нивна средба всушност била почеток на убаво 40-годишно пријателство.





Одри станала амбасадорка на неговата модна куќа па ги носела Живанши креациите и на филм и во приватни ситуации. Незаборавниот црн фустан од "Појадок кај Тифани" до ден денес остана поим за чиста елеганција и софистицираност, вродени карактеристики кај актерката и благодарение на средбата со Живанши тој ја најде совршената девојка за неговите креации, а таа обелката која најмногу и' прилега.


Ткаенината е неверојатна работа, таа има свој живот. Морате да ја почитувате. А најтешко е да се реализира малиот црн фустан бидејќи мора да се задржи едноставноста, изјавил во една прилика.


По повеќе од 40 години успешната кариера, во 1995-та година тој одлучил да се пензионира, а местото на креативен директор на неговата модна куќа му го препуштил на "лошото момче" Џон Галијано.

Еден од последните живи господари на модата кои го одбележаа 20-тиот век, од тогаш живее повлечен живот, а во јавност се појавува само на ретроспективните изложби кои ја слават неговата работа и работата на неговите колеги: "Секоја ера е различна и морате да ја прифатите оваа реалност. Таков е животот. За моја среќа, со години работев одлично. Прекрасни ткаенини, прекрасни луѓе и прекрасни спомени".



Спонозорирани линкови

Маркетинг