Објавена фотографија од таткото кој избоде бебиња на Косово: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!

Точка

21/02/2017

17:37

13.478

Големина на фонт

а а а

Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека другото бебе во тешка состојба било пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, било кажано во болницата во Грачаница.

Управникот на хирургија во болницата во Грачаница, Драган Периќ, рекол дека станува збор за близнаци од машки пол од 40 дена.

Периќ навел дека едното бебе било донесено мртво, а другото во тешка состојба било однесено во Ниш и се наоѓа на одделението за интензивна нега. Според неговите зборови, здравствената состојба на повреденото бебе е стабилизирана, и бебето е надвор од животна опасност.


Таткото на близнаците, 35-годишниот Дејан Крстичиќ, професор по физичко воспитување во Средното училиште во Штрпце, вчера ги избодел бебињата со нож, рекле од косовската полиција.

Како што пишува српски Kurir, во моментот на злосторството во собата биле Крстичиќ, неговата сопруга Ана и нивните близнаци. Се претпоставува дека дошло до расправија меѓу сопружниците.


"Дејан тогаш го зграбил ножот, и најверојатно во момент на целосно нервно растројство прободел еден од близнаците директно во гради. Тоа бебе починало на пат кон Грачаница. Тој тогаш се обидел да го забоде и другото дете, но на него скокнала сопругата во обид да го одбрани бебето, па Крстичиќ го забодел во пределот на вратот", вели извор на Kurir.

Кратко потоа, буката од соседната соба ја слушнал братот Дејан, па влегол во просторијата да го совлада полудениот маж.


Крстичиќ набрзо бил уапсен, а според Kurir.rs, во првата изјава за истражните органи рекол дека станувало збор за расправија со сопругата, дека наводно сакал да ја заплаши, и дека потоа "му паднал мрак пред очи и не се сеќава на ништо".

Дејан и неговата сопруга, која е од околината на Штрпце, живееле во семејната куќа на неговите родители.


Соседите, шокирани поради трагедијата, велат дека немало никакви навестувања дека нешто толку страшно можело да се случи, и дека не делувало дека во куќата има несогласувања.

Според нивните зборови, Крстичиќ работел со деца и важел за мирен, тивок и повлечен човек.


Познаниците на семејството велат дека парот живеел во складен брак и дека не слушнале за проблеми и расправии.

Близнаците, од кои едниот починал, а другиот бил тешко повреден, се нивни први деца.


Полицијата веднаш дошла на самото место и го уапсила Крстичиќ. Оваа семејна трагедија се случила во 19 часот во семејната куќа во Штрпце.



Спонозорирани линкови

Маркетинг