Како настанува бајката наречена “Dior couture фустан”?

Точка

21/02/2017

14:18

2.128

Големина на фонт

а а а

Последната haute couture колекција на Dior беше диригирана од страна на италијански дизајнери, првите жени на чело на оваа реномирана француска куќа.

Иако високата мода дозволува ready-to-wear колекциите да изгледаат подобро од haute couture-от, Dior е единствената модна куќа која знае да повлече линија помеѓу овие две колекции.

A post shared by Dior Official (@dior) on


За тоа е заслужна импресивната традиција и нејзините модни мајстори, кои со децении ги реализираат највеличенствените фустани на високата мода. Позади ваквите мали уметнички ремек-дела стојат многу саати шиење, кроење и боење на материјалите.

A post shared by Dior Official (@dior) on


По доаѓањето на Maria Grazie Chiuri, новиот креативен директор на Dior, ништо не е променето. Комуникацијата со главните дизајнери, кројачите и мајсторите за детали сè уште е на одлично ниво, што е една од причините зошто оваа модна линија со години е на врвот.

Негувајќи го сензибилитетот “Valentino”, Maria создава бајковити, нежни и прозрачни фустани од деликатни и романтични материјали.

A post shared by Dior Official (@dior) on


Процесот од скица до фустан е долготрајна, интентзивна работа која бара многу време и труд. Dior, на својот Инстаграм профил сподели видео во кое демонстрира само дел од овој макотрпен процес.

Во прашање е #howto видео кое покажува како настанал познатиот фустан Brise de Mémoire:

A post shared by Dior Official (@dior) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг