Дежа ву за Едмунд: Противникот беснее, тој службено го добива мечот

Дерби

21/02/2017

13:14

1062

Големина на фонт

а а а

Пред 15 дена британскиот тенисер Кајл Едмунд службено го доби мечот од Дејвис Купот против Канаѓанецот Денис Шаповалов, откако овој го погоди главниот судија со топче во окото за што следеше дисквалификација.

Вчера пак на Едмунд му се случи слична ситуација и автоматски го доби дуелот со Адријан Манарино од првата рунда на турнирот во Делреј Бич (САД) и токму благодарение на противник.



Едмунд беше многу блиску до победа 6-3, 5-0, но него работата му ја олесни противникот кој во шестиот гејм два пати ги „лансираше“ топките надвор од арената. Тој беше бесен и тоа го направи два пати во низа што воедно значеше исклучување и пораз. Манарино и пред тоа имаше два инциденти кога ја погоди столицата на судијата и кога ја испрати топката во правец на детето кое ги собира.



На крајот 6-3 и 6-0, но што што на Едмунд му се случува месецов е навистина неверојатно и необично, да се најде во скоро идентична ситуација два пати.


Спонозорирани линкови

Маркетинг